TATTOO - PASSION - FOR ALL TATTOO & PIERCING FANS

TATTOO - PASSION Forum Index
 FAQFAQ   SearchSearch   MemberlistMemberlist   UsergroupsUsergroups   RegisterRegister 
 ProfileProfile   Log in to check your private messagesLog in to check your private messages   Log inLog in 

Important Notice: We regret to inform you that our free phpBB forum hosting service will be discontinued by the end of June 30, 2024. If you wish to migrate to our paid hosting service, please contact billing@hostonnet.com.
Seksualno prenoslivi bolesti
Goto page 1, 2  Next
 
Post new topic   Reply to topic    TATTOO - PASSION Forum Index :: Секс и Љубов
View previous topic :: View next topic  
Author Message
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:14 am    Post subject: Seksualno prenoslivi bolesti Reply with quote

Зошто младите се подложни на зарази и преноси на сексуално преносливи инфекции?

Ризикот за заболување од сексуално преносливите инфекции е најголем кај оние малди лица кои рано стапуваат во сексуални односи и кои се склони кон често менување на партнерите. Заправо таа популација не е склона на користење кондоми, кои се најсигурно заштитно средство и против сексуално преносливите инфекции и против несакана бременост. Освен тоа, препознвањето на ризикот во младата популација е изразито ниско, а верувањето “нив ништо лошо не може да им се случи” е изразито високо. Младите кои користат било какви психоактивни дроги (вклучувајки го и алкохолот) повеке се склони, под дејство на дрогата, кон непланирани сексуални односи со непознати партнери, при што воглавно не користат никаква заштита.

Најчести сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливите болести во последните десетина години покажале големи промени во примероците, симптомите, тежината и прогнозата, од “класичните” сексуално преносливи болести како сифилис и гонореја кои се се помалку застапени, а се повеќе се појавуваат болести предизвикани од не толку одавна откриени примероци (кламидија, уреаплазма, хуман папилома вирусот и др.). Денес од сексуално преносливите болести најраспространети се оние кои се во вид на вируси, и тоа: ХИВ вирусот, гениталниот херпес, хуман папилома вирусот и хепатитис Б и Ц. Најраспространета бактериска сексуално пренослива инфекција е кламидијата (Chlamydia trachomatis).

Карактеристични знакови на сексуално преносливите инфекции

Сите наведени сексуално преносливи болести не предизвикуваат лесно воочливи и карактеристчни потешкотии, а кај инфекцијата кламидија предзнаците може да бидат и изоставени. Симптомите се уште помалку воочливи кај машките. Така се случува да заразената личност, не знаејќи дека е заразена и не барајќи лекарска помош, ја пренесуваат инфекцијата на сите нивни сексуални партнери. Иако менувањето на сексуалните партнери е еден од најголемите ризици за сексуално преносливите инфекции, заправо “невидливата” присутност на микроорганизмите во младата популација, може да доведе до зараза и на оние девојки или момци кои не се склони кон често менување на сексуалните партнери. Веке првиот или вториот партнер може да префати и пренесе кламидија или хуман папилома вирусот, што може да доведе до долготрајни потешкотии, а и до трајни последици. Ако девојката/дечкото осеќа болка, чешање или има други промени на кожата во деловите кај гениталиите, појачан или променет секрет од вагината или пенисот, тешкотии при мокрењето, болки или крварење при сексуални односи, треба задолжително да се обрати кај лекар за побрзо откривање на заразата или инфекцијата и нејзино навремено лечење.

Последици

Ако навремено и рано не се препознаат и не се лечат, сексуално преносливите инфекции може да доведат до стерилитет кај мажите или жените, вонматерична бременост и спонтани абортуси. Против вирусните сексуално преносливи болести нема лекови, освен за хепатитис Б. Бактериските сексуално преносливи болести успешно се лечат со антибиотици.

Спречување на преносот и ширењето на сексуално преносливите инфекции

Потполна сигурност нуди единствено воздржувањето од сексуални односи со непознати личности и (или) взаемно верен однос помеќу две незаразени личности ( ако имате сексуални однсои со здрав партнер кој има сексуални односи само со вас). Ако постои сомнеж за можна зараза во претходната сексуална врска или врски, потребно е да се обратите кај лекар заради што порано откривање на заразата и нејзино лечење. Сигурна заштита против сексуално преносливи инфекции, а и против несакана бременост, нуди само редовна употреба на кондоми. Сигурноста на заштитата со кондоми зависи и од неговата правилна употреба. Најсигурна заштита нудат кондомите од латекс кои се премачкани со спермицидно контрацептивно средство.

А, еве нешто малку и за поедини видови сексуално преносливи болести

Калимидиска инфекција

Најраспространета и по човековата плодност најпогубна сексуална пренослива болест е кламидијата која ја предизвикува бактеријата Chlamydia trachomatis. Инфекциите предизвикани од бактеријата Chlamydia trachomatis предизвикуваат се поголемо внимание.
Инфекцијата најчесто не предизвикува никакви здравствени тегоби поради кои би се побарала помош од лекар. Тоа е причина често да остане непрепознаена и нелечена. Знаците на инфекцијата не се специфични т.е. само со посебни испитувања може да се разликуваат од инфеција на разни други микроорганизми. Кај машките се појавува црвенило, пецкање и појачан секрет. Кај жените знаците обично се појачан секрет и чувство на иритираност на родницата.
Доколку не се лекува кламидијата може да се прошири и на другите делови на гениталиите и да дојде до сериозни последици. Кај жените инфекцијата може да се шири преку материцата до јајцеводите. Често непрепозната и нелечена или недоволно рано лечена инфекција, може да предизвика делимична или потполна непроодност на јајцеводите. Последиците може да бидат вонматерична бременост или неплодност. Можна е и зараза на детето во текот на пораѓајот, кое може кај детето да предизвика запаление на плуќата и очите. Може да доведе до влез на други микроорганизми кои ја зголемуваат опасноста од гнојни запаленија. Кај мажите може да дојде до намалена плодност или неплодност.
За да се спречат можните последици, инфекцијата кламидија мора да се лечи и тоа многу важно е да се лечат и мажот и жената. За време на лечењето, па се до целосното излекување кога лабораториските наоди ке се негативни, треба да се придржувате до упатствата за сексуално однесување. Најсигурно е да се воздржувате од сексуални односи во тој период. Паровите кои имаат сексуални односи за време на лечењето мора да користат кондоми.

Хуман папилома вирусна инфекција

Инфекциите на хуман папилома вирусот се многу раширени и предизвикуваат низа болести со различна тежина, различни симптоми. Постојат 120 видови на хуман папилома вирусот, а околу 30 од нив предизвикуваат инфекции во пределот на гениталиите. Вирусот е лесно пренеслив и лесно се шири, доволен е само контакт со заразена кожа или слузница, кои немора да бидат оштетени. Хуман папилома вирусите тип 6,11,42,43 и 44 најчесто предизвикуваат брадавици или шилести кондиломи (condyloma accuminatum). Кондиломите може да се појават на надворешноста на гениталиите, родницата, мочните канали и во завршниот дел на дебелото црево кај лицата кои имаат анални сексуални односи. Освен во деловите кај гениталиите овие типови на вирусот може да предизвикаат брадавици и околу очите, носот, устата и грлото. Зависно од бројот и местото каде се, брадавиците може да бидат болни, се ронат и предизвикуваат чешање. Овие типови не растат големи, затоа се означени како нискоризични типови. Хуман папилома вирусите од типовите 16, 18, 31, 33, 35, 45, 51 и 52 се поврзани со зачеток на карцином на материцата, и затоа се наречени типови од висок ризик за настанок на карцином.

Херпес

Меѓу сексуално преносливите инфекции посебно треба да се нагласи инфекцијата предизвикана од вирусот херпес. Herpes simplex вирусот раширен е низ целиот свет. Типот 1 најчесто предизвикува херпесна “горзница” на усните, а типот 2 се поврзува со надворешна инфекција на гениталиите. Инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос со заразена личност.
Примарната херпесна инфекција воглавно се јавува кај адолесцентите. Инкубацијата трае 2 - 14 дена, а првите знаци на болеста обично се карактеристични меурчиња кои се појавуваат на надворешноста на гениталиите и околу нив. Промената на кожата е пропратена со болка и осетливост, пецкање при мокрењето, појачан секрет и кај мажите и кај жените, но и општи симптоми како температура, главоболка, болки во мускулите и зглобовите. Симптомите се поизразени кај жените.
Покрај примарните инфекции вирусот останува притаен, а повторно може да биде предизвикан од менструација, траума, стрес, температура, изложување на сонце итн.
За спречување на преносот и ширењето на херпесот треба да се воздржува од сексуални односи со непознати личности, добра заштита е и правилно користење на кондоми. Кондомите пружаат мала или никаква заштита доколку херпес раната е направена на место кое кондомот неможе да го покрие. Не постои делотворен лек кој може да го излечи херпесот, но постојат лекарства кои го намалуваат повторното појавување и ширење.

Сифилис
Порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста.

Гонореја (трипер)

До пред 20тина години била најраспространета сексуално пренослива болест. Предизвикувач е бактеријата gonokok. Болеста лесно се препознава посебно кај заразените мажи, бидејќи карактеристичните потешкотии се јавуваат неколку дена после заразувањето. Првите симптоми се зачестено мокрење пропратено со болка и пецкање, а после неколку дена преку гениталиите се исфрла густ гноен исцедок. Гонорејата кај жените започнува со запаление на вратот од материцата и може да се прошири и на јајцеводите. Воспалението на јајцеводите може да предизвика нивна потполна непроодност со неплодност на жената како последица. Менструациите постануваат неправилни, болни и обилни. Гонорејата може во целост да се излечи со антибиотици. Мора да се лечат и двата партнери, до целосното излекување на болеста мора да се воздржуваат од сексуални односи, или при секој однос да користат кондоми.

Секако тука спаѓа и ХИВ вирусот и сидата, но за нив има посебен топик па затоа не ги спомнав.
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Demona



Joined: 20 Aug 2007
Posts: 233

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:15 am    Post subject: Reply with quote

Вирус папилома

Тртки на половите органи и чмарот се често заболување што се пренесува преку сексуални односи. Кај жените, ако не се открие инфекцијата на грлото на матката со вирусот папилома, инфекцијата може да предизвика промена на клетките. Ако тоа не се лекува, може да настане рак на грлото на матката.

Секој може да добие преносна болест преку сексот

Сексуално пренослива болест е било која инфекција која може да се пренесе од една особа на друга преку сексуалната активност. Инфекцијата може да се предизвика од бактерија, вирус или паразит. Има многу различни видови на овие болести. Тие може да предизвикаат низа разновидни проблеми.

Сексуално злоставување

Од сексуално злоставување обично страдаат жените и децата, а се извршува од страна на мажите. Тоа е криминал кој не секогаш се пријавува. Околу 25% од австралиските жени ќе бидат сексуално злоставени во нивниот живот, и во повеќето случаи жените го знаат виновникот. Службите за помош нудат доверливо советување, правна помош и упатување.

Трихомонијазис е болест која се пренесува преку сексот

Трихомонијазис е болест која се пренесува преку полни односи, а предизвикана од микроорганизмот наречен Trichomonas vaginalis. Вагиналниот секрет може да биде пропратен со воспаление и чешање. Ако сте заболени од трихомонијазис треба да примате антибиотици за излекување на инфекцијата.
_________________
Love like an angel, make love like a devil...
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Demona



Joined: 20 Aug 2007
Posts: 233

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:15 am    Post subject: Reply with quote

СИФИЛИС


1. Што е сифилис и што го предизвикува?

Сифилис е полово пренослива болест предизвикана од бактерија - Treponema pallidum . Се јавува кај сексуално активни лица, најчесто мегу 20-29 год. возраст.

2. Како се пренесува?

- Најчесто преку незаштитен сексуален контакт со инфицирано лице.
- Директен контакт со секрети од болниот или со инфицирана крв.
- Вертикален пренос - од бремена жена на плодот во кој било период на бременоста.

3. Како се манифестира?

Сифилис е болест која се одвива во три стадиуми означени како примарен, секундарен и терцијален сифилис.

- Примарен стадиум: безболна раничка ( улкус дурум ) се јавува 2-3 недели по иницијалниот контакт и често останува незабележана посебно ако е лоцирана на грлото на матката или во ректумот. За 4-6 недели спонтано се повлекува.

- Секундарен стадиум: ова е најзаразниот стадиум на луес. Се јавува кај една третина од нелекуваните пациенти и тоа 2-8 недели по појавата на примарната раничка. Тој е резултат на навлегување на бактеријата во крвта и се манифестира со кожен исип ( најчесто на труп, дланки и табани, лице ), промени ( исип или ранички ) во уста, грло или гениталии, зголемени лимфни жлезди, опаѓање коса и општи знаци на инфекција (покачена температура, болки во коски, зглобови и сл.). Поминува за неколку недели до година, преминувајќи во латентна фаза т.е фаза без симптоми.

- Терцијален стадиум: крајна фаза на сифилис кај нелекувани болни, со оштетување на мозок ( ЦНС ), циркулаторен систем (аорта) или појава на деструктивни промени ( гуми ) на кожа, црн дроб, коски и зглобови.

4. Како се докажува сифилис?

Постојат специфични тестови за дијагноза, во зависност од стадиумот на болеста. Лекарски преглед и откривање на примарната раничка од која ќе се земе примерок ( брис ) кој се гледа под микроскоп ( во темно поле ) за да се види бактеријата како и крвни серолошки тестови ( крв најдобро е да се земе по 6 недели од појава на примарната раничка ) се доволни за потврда на сифилис.

5. Кои се компликации на сифилис?

- Трајни оштетувања на мозок, очи, слух, ( неуролуес ), оштетувања на аорта, кожа и коски и сите промени од терцијалниот стадиум.

- Вроден сифилис ( заради пренос во тек на бременост ).

6. Лекување!

Соодветна терапија со антибиотици ( Пеницилин ) навреме започната, е успешен третман за сифилис, со редовно следење на состојбата и доволно долго за да се спречи развивање на компикации.

7. Која е заштита од сифилис?

Избегнување на ризично сексуално однесување со користење кондом при секој сексуален контакт како и рана дијагноза и лекување на заболеното лице, спречува појава и ширење на сифилис.

Сифилисот порано била многу распространета, тешка и смртоносна сексуално пренослива болест која зафаќала различни органски состави. До откривањето на антибиотиците била и неизлечива болест. Се пренесува преку крвта за време на сексуален однос преку едвај видливо оштетена кожа или слузница кај машкиот или женскиот полов орган. Освен што предизвикува телесна омалаксаност, сифилисот предизвикува и тешки душевни последици, со бавно но целосно распаѓање на личноста
_________________
Love like an angel, make love like a devil...
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:16 am    Post subject: Reply with quote

Што е генитален херпес?

Херпесот е полово пренослива болест ( ППБ ) предизвикана од herpes simplex virus ( тип 1 и 2 ). Се појавува речиси подеднакво и кај машката и кај женската популација, со најголема застапеност меѓу адолесценти и млади од 20-29год. Честотата е директно поврзана со бројот на секс.партнери, сексуалните навики ( орален или анален секс ), и социоекономските услови за живот.

2. Како се пренесува гениталниот херпес?

Тип 1 и 2 ХСВ може да се излачи од кожните промени додека болеста е манифестна, но и од плунка, секрет од око и гениталии. Затоа личноста скоро секогаш се заразува со ХСВ-2 преку незаштитен сексуален однос со личност која има генитален херпес. ХСВ-1 предизвикува херпес на устата, а во генитална регија може да се пренесе преку орално-генитален сексаулен контакт со инфицирано лице.

3. Како се манифестира?

Најчесто инфекцијата поминува асимптоматски или со минимални знаци.

Инкубацијата е од 7-14 дена, а типична промена која се забележува е во вид на едно или повеќе меурчиња, на црвена основа во предел на гениталиите или анусот, пратени со јадеж, локална болка или пецкање на зафатената регија.Може да се јават и општи знаци на инфекција ( малаксаност, покачена температура и сл.) Во својата еволуција, меурчињата прскаат, оставајќи ситни ранички кои зараснуваат за 2-4 недели. Во анална регија пратени се со болна и отежната дефекација.

И покрај повлекување на симптомите, Херпес симплекс е вирус кој се задржува во клетките на организмот и има склоност да се повторува спонтано или при пад на имунитетот, стрес, други болести но секоја следна епизода е пократка и полесна од примарната ( во просек од 2-10 епизоди годишно ).

4. Како се дијагностицира?

Најчесто лицата не се свесни за својата инфекција, заради што е отежната навремената дијагноза. Таа може да се постави преку инспекциски преглед и утврдување на типичната промена; преку земање примерок од раната и од него да се изолира вирусот или во него да се докаже вирусниот антиген ( со ЕЛИСА, имунофлуоресценција и др.). Крвните тестови кои ги докажуваат антителата против ХСВ 1,2 го олеснуваат поставувањето на дијагнозата.

5.Дали гениталниот херпес е сериозна болест?


Кај возрасни лица ХСВ тип2 може да предизвика долготрајни и болни генитални ранички, може да доведе до воспаление на мозокот и неговите обвивки, или пак лицата кои имаат ген.херпес може да бидат суспектни за ХИВ инфекција. Кај жени се поврзува со појава на рак на грло на матка.

Кај трудници, кои во текот на бременоста имаат активен ген. херпес, постои ризик за пренесување на инфекцијата на новороденото во тек на породувањето, заради што се препорачува породување со царски рез.

6.Постои ли терапија за генитален херпес?

Не постои лек кој може да ја излекува херпетичната инфекција, иако постојат лекови како Ацикловир, со кои може да се скрати траењето на епизодата и да се спречи повторно манифестирање.


7. Како може да се заштити од генитален херпес?

Правилна и постојана употреба на латекс кондоми при сексуален однос е најсоодветна заштита од ХСВ, иако понекогаш кондомот не ја покрива херпетичната раничка и сепак може да дојде до инфекција. Затоа ако еден од сексуалните партнери има генитален херпес, најдобро е секуално да се апстинира до губењето на симптомите.
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:17 am    Post subject: Reply with quote

А за гонореата нешто да најдеше?...па има и различни видови на габични заболувања кои се полово преносливи. -Ај ако неможеш да најдеш ќе пробам јас да исчепкам нешто, не сум сигурен ама мислам дека можам да најдам.

ГОНОРЕА ( ТРИПЕР )



1. Што е гонореа и што ја предизвикува?

Тоа е честа полово пренослива болест, предизвикана од Neisseria gonorrhoeae, бактерија што лесно се размножува во слузницата на влажни, топли места во гениталните органи, како што е грлото на матката, матката и јајцеводите кај жени т.е мочниот канал кај мажи и жени. Исто така може да опстане во уста, грло или анус.



2. Како може да се добие гонореа?

Ризик постои кај секоја сексуално активна личност, но најчесто се јавува кај 15-19 год. девојки и кај 20-24 год. мажи.

Гонореата се пренесува преку сексуален незаштитен контакт ( не мора да има ејакулација за да се пренесе инфекцијата ).

Друг начин на пренос е автоинфекција т.е откако се допираат инфицирани гениталии и потоа се протријат очите, може да се пренесе инфекција на око.

Гонореа исто така се пренесува и од мајка на дете во тек на породувањето ( задолжителна е заштита со капки на очите на секое новородено! ).

3. Кои се знаци и симптоми на гонореа?

Првите знаци најчесто се појавуваат 2-5 дена по инфекцијата, иако може да поминат и 30 дена, во кој период инфицираната личност може да ја пренесува болеста.

Манифестација кај жени: знаците може да се неспецифични и да се помисли на вагинална или инфекција на мочен меур. Првите знаци најчесто се печење или болка при мокрење и вагинален жолт, густ исцедок.

Манифестација кај мажи: често мокрење со печење, болка и јадеж со темножолто исцедок од пенисот.

Аноректална инфекција: чешање, болка или крваво-гнојни столици.

4. Како се дијагностицира гонореа?

Обавезен лекарски преглед ( кај уролог т.е гинеколог ) и одредени микробиолошки анализи со кои може да се утврди дијагнозата, а се зема примерок од секретот од инфицираните органи ( цервикс, мочен канал, ректум ). Брза дијагноза може да се постави преку земање секрет на предметно стакло кој се гледа под микроскоп ( претходно обоен со специјална боја - по Грам ) каде ќе се видат бактериите. Преку анализа на крвта се докажуваат антителата против гонореа.

5. Кои се компликации на гонореа?



Кај мажи, нелекуваната гонореа може да даде воспаление на тестисите и нивните канали што би довело и до стерилитет. Не се поштедени ни простатата нити мочниот канал, што води до пречки со мокрењето.

Кај жени, нелекувана гонореа предизвикува Карлична воспалителна болест ( Пелвиц инфламматорѕ дисеасе ) која не секогаш дава симптоми или може да биде многу тешка со треска, висока температура, стомачна болка, а ги зафаќа внатрешните генитални органи и води до стерилитет или вонматерична бременост.

6. Како се лекува гонореа?

Антибиотици ( од група на Пеницилини ) се основа во третманот на гонореа и треба да се пијат додека се препишани, а не само додека да се повлечат симптомите. Личност која еднаш имала гонореа, може повторно да заболи ако има сексуален контакт со инфицирано лице.

7. Како да се спречи гонореа?

-Користи кондом секогаш кога имаш секс!

-Ограничи го бројот на сексуални партнери!

-Ако се сомневаш дека си инфициран, избегнувај сексуален однос и веднаш јави се на лекар!

-Ако знаеш дека имаш гонореа, информирај го моменталниот сексуален партнер за да се провери и евентуално лекува!
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:17 am    Post subject: Reply with quote

HPV-Најчесто полово заболување кај младите

Најчеста полна болест кај младите е HPV вирусот, кој е предизвикан од human papiloma вирусот. Дури 70% од активните жени и мажи на возраст од 20 до 26 години имале инфекција со HPV вирусот, кој е доста опасен а скоро без видливи симптоми...

Кај жените вирусот предизвикува промени на површинскиот слој на грлото на матката, и доведува до карцином. Кај мажите вирусот предизвикува промени т.е доведува до карцином на простатата. 50% од студентките никогаш во животот не биле на гениколог и воопшто незнаат што е HPV инфекција.

Полната болест не дава веднаш видливи симптоми кои би можеле да се препознаат, па младите многу често не ни знаат дека се заразени. Просечното време од изложеноста на вирусот до симптомите е три месеци, но може да трае и неколку години.

HPV вирусот е кожна болест и се карактеризира со брадавици (кондиломи) од секаков облик. Брадавиците се видливи со голо око и се наоѓаат на надворешниот дел на половиот орган - усните кај жените, т.е под главата на пенисот кај мажите.

Американската организација за рак во 2002 година го препиша HPV заедно со PAPA тестот како превенција против рак на матката.
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:18 am    Post subject: Reply with quote

ХЕПАТИТИС "Б"
Општи информации - хепатитис значи воспаление на црниот дроб кое најчесто е предизвикано од еден од 5-те вируси (А, Б, Ц, Д и Е). Секој од овие вируси може да предизвика акутно заболување со симптоми кои во просек траат неколку недели. Различните видови на хепатитис имаат заеднички и специфични карактеристики .

Начини на пренесување - хепатитис "Б" може да се пренесе:

* од мајка на најзиното дете,
* од дете на дете,
* преку трансфузија и заедничко користење на игли и шприцеви
* преку сексуален контакт и контакт со телесните течности како што е крв, плунка и урина.


Последица од прележан Хепатитис "Б" може да биде долготрајно оштетување на црниот дроб.

Причинител - вирус присутен во крвта и другите телесни течности на инфицираното лице.

Симптоми - секој од 3-те стадиуми на болеста има свои симптоми.Постојат случаи кога лицето заразено со Хепатитис "Б" нема никакви симптоми а сепак може да ја пренесува заразата на други.

Iстадиум - симптомите се јавуваат 1-6 месеци по заразувањето и се карактеризираат со:
општи симптоми (кашлица и болки во грло)
чувство на малаксалост и грубење на апетит
болки во зглобови

IIстадиум - наречен стадиум на жолтица трае 2-8 недели. Во текот на овој стадиум се јавуваат нај јасните симптом на болеста .
кожата и белките на очите се жолти
урината станува темно кафеава, а столицата бела светла
болки во абдоменот

IIIстадиум - наречен стадиум на оздравување. Во овој стадиум исчезнува жолтилото на кожата и белките. Урината и столицата стануваат нормални. Губитокот на тежина до 4,5 кг. за време на болеста е често.

Лекување - единствен третман е одмор и здрава храна. Докторот ќе каже колку долго е потребно да се мирува. Некогаш се потребни и неколку месеци за нормализирање на состојбата.

Превенција - постои вакцина против хепатитис "Б". Таа е скапа и поради тоа достапна само за одредени земји и луѓе. Една од индикациите за давање на оваа вакцина е на сексуални партнери на луѓе кои биле заразени со вирусот. Ако е потребно да се вакцинираш обрати се на својот доктор и објасни му зошто мислиш дека има потреба од тоа.
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Blondy girl
Moderator


Joined: 12 Aug 2007
Posts: 293

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:19 am    Post subject: Reply with quote

Сончањето лекува акутен хепатитис "Ц"

Половина час сончање е значително поефикасно во лекувањето на акутен хепатитис Ц отколку употребата на лекови, изјави тајванскиот доктор Пан Ниан-Чунг.

Ниан-Чунг, кој е експерт за природно лекување и консултатнт во Националниот истражувачки институт за кинеска медицина смета дека сончањето, ако е умерено, го зајакнува имунитетот на пациентите и им помага да се опорават од акутниот хепатитис Ц.

Петнаесет минути сончање по изгревањето и пред заоѓањето на Сонцето е најефикасно бидејќи во тоа време сончевите зраци не се силни и не предизвикуваат изгореници на кожата, истакна Ниан-Чунг.

Акутниот хепатитис Ц е опасен, но редок облик на хепатитис со висока стапка на смртност. Околу 85 отсто од заразените умираат пред да им се направи трансплантација на црниот дроб. Болеста почнува со замор и мачнина, но за неколку недели се јавуваат и други симптоми - жолтица, темна урина, симптоми слични на грип, како и зголемен обем на црниот дроб.
Back to top
View user's profile Send private message
Blondy girl
Moderator


Joined: 12 Aug 2007
Posts: 293

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:19 am    Post subject: Reply with quote

ГЕНИТАЛНИ БРАДАВИЦИ
Причинител - е вирус кој е ист со оној кој предизвикува појава на брадавици на кожата

Симптоми - и кај мажите и кај жените се карактеризираат со брз раст на брадавици со различна големина кои се јавуваат секаде на гениталиите. Брадавиците секогаш не се појавуваат веднаш по инфекцијата. Може да се појават дури и после 1 година. Секогаш не може лесно да се приметат посебно ако се внатре во вагината или анусот.

Лекување - премачкување со специјална маст кое мора да го врши доктор. Повеќето од брадавиците исчезнуваат по лекувањето. Во случај на бременост докторот треба да биде известен пред почетокот на било каков третман.

Жени кои имале брадавици или чии што партнери имале брадавици мора редовно гиниколошки да се контролираат, бидејки се смета дека се со поголем ризик за добивање на цервикален карцином.
Back to top
View user's profile Send private message
Demona



Joined: 20 Aug 2007
Posts: 233

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:20 am    Post subject: Reply with quote

КАНДИДИЈАЗА

Причинител - габа која многу луѓе нормално ја имаат на кожата. Во некој случаи таа се разликува и предизвикува болест. Кај жените ги зафаќа вулвата и вагината а кај мажите може да го зафати пенисот. Кандидијазата може но не мора секогаш да биде пренесена преку сексуален контакт.

Симптоми

Кај жени:
- густ, бел исцедок од вагина
- оток на вулва (кожата околу вагината)
- болки при мокрење
- свраб околу гениталии и анална регија

Кај мажи:
- воспаление на пенис

Лекување - за жените терапијата ја сочинуваат вагинатории (меки таблети кои се ставаат длабоко во вагината) и крема против чешање. Кај мажите терапијата е само крема.
__________________
_________________
Love like an angel, make love like a devil...
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Losa devojka



Joined: 01 Sep 2007
Posts: 287
Location: Kaj decko mi u misli

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:21 am    Post subject: Reply with quote

СИДА
Општи информации - СИДА-та е болест предизвикана од вирусот ХИВ кој го уништува одбранбениот систем на организмот и го прави неспособен да се бори против обични банални инфекции. Луѓе со ХИВ може да изгледаат и да се чувствуват совршено добро многу години по заразувањето. Голем број од нив не знаат дека се заразени и дека при ризично однесување можат да ја пренесат заразата на други. Во просек 50% од заразените за период од 10 години ќе развијат болест-СИДА која се манифестира со различни форми на рак, сериозни инфекции на белите дробови, дигестивниот систем, централниот нервен систем, кожата и др.

Начини на пренесување - засега познатите начини на пренесување на ХИВ инфекцијата се:

* сексуален пат (анален, вагинален)
* со заедничка употреба на игли и шприцеви
* од мајка на нејзиното дете


ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти.

Причинител - е вирус наречен ХИВ. Него го има во сите телесни секрети и екскрети на заразеното лице. Во доволна концентрација за пренесување го има во крвта, семената течност, вагината и цервикалниот секрет. Вирусот е присутен и во плунката и во солзите но не во доволна концентрација за пренесување.

Лекување - засега постојат лекови кои го ублажуваат и забавуваат текот на болеста но се уште не постои лек или вакцина за целосно излекување од оваа болест.

Превенција - практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми го минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција:

* Аналниот секс се смета за високо ризичен;
* Вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течностили гениталниот флуид;
* Оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.


За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Devil
Moderator


Joined: 28 Jul 2007
Posts: 375
Location: Skopje

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:22 am    Post subject: Reply with quote

КАНДИДИЈАЗА

Причинител - габа која многу луѓе нормално ја имаат на кожата. Во некој случаи таа се разликува и предизвикува болест. Кај жените ги зафаќа вулвата и вагината а кај мажите може да го зафати пенисот. Кандидијазата може но не мора секогаш да биде пренесена преку сексуален контакт.

Симптоми

Кај жени:
- густ, бел исцедок од вагина
- оток на вулва (кожата околу вагината)
- болки при мокрење
- свраб околу гениталии и анална регија

Кај мажи:
- воспаление на пенис

Лекување - за жените терапијата ја сочинуваат вагинатории (меки таблети кои се ставаат длабоко во вагината) и крема против чешање. Кај мажите терапијата е само крема.
_________________
nothing is real until you feel it;)
Back to top
View user's profile Send private message
Devil
Moderator


Joined: 28 Jul 2007
Posts: 375
Location: Skopje

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:22 am    Post subject: Reply with quote

ПРИ СОМНЕВАЊЕ ЗА СПБ СО КОГО ДА СЕ РАЗГОВАРА?

При појава на некои од подолу наведените симптоми потребно е колку што е можно побрзо да се разговара со доктор.
Колку порано ќе се препознаат симптомите и се побара медицинска помош, толку полесно и побрзо ќе се одвива лекувањето.

ЗАШТИТА ОД СПБ-БЕЗБЕДНО СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Што се подразбира под поимот безбедно сексуално однесување?

Сексуалниот однос помеѓу две лица кои не се заразени, се смета за безбедно сексуално однесување. Сепак, никој не може да е апсолутно сигурен дека неговиот партнер е ХИВ негативен - дури ни луѓето кои меѓусебно многу добро се познаваат. Единствен начин на докажување на ХИВ статусот е правењето на тест за ХИВ инфекција. За да овој тест биде валиден потребно е да поминат 12 недели од моментот на евентуалното изложување на вирусот.

Кога две лица кои имаат сексуален однос не се тестираат истовремено или кога тестирањето не е возможно, на пример, при повремени сексуални контакти, важно е да се преземат мерки кои можат да го намалат ризикот за инфекција. Има повеќе такви мерки од кои некои почесто се користат и се вбројуваат во она што го нарекуваме "сигурен секс", а други пак се применуваат поретко.

ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

Најновите истражувања покажуваат дека ракот на грлото на матката може да е во врска со вирус кој се пренесува по сексуален пат. Јавувањето на овој вид на карцином станува се почесто и меѓу младата популација на жени. Присуството на вирусот може да биде дијагностицирано и излекувано доколку првите знаци се забележат доволно рано. Во склоп на превентивните програми во многу земји сите жени од 20-64 години мора да бидат повикани за тест по "Папаниколау" барем еднаш во 5 години.
_________________
nothing is real until you feel it;)
Back to top
View user's profile Send private message
Dark Angel
Moderator


Joined: 17 Jul 2007
Posts: 488
Location: Skopje

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:23 am    Post subject: Reply with quote

ПРИ СОМНЕВАЊЕ ЗА СПБ СО КОГО ДА СЕ РАЗГОВАРА?

При појава на некои од подолу наведените симптоми потребно е колку што е можно побрзо да се разговара со доктор.
Колку порано ќе се препознаат симптомите и се побара медицинска помош, толку полесно и побрзо ќе се одвива лекувањето.

ЗАШТИТА ОД СПБ-БЕЗБЕДНО СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Што се подразбира под поимот безбедно сексуално однесување?

Сексуалниот однос помеѓу две лица кои не се заразени, се смета за безбедно сексуално однесување. Сепак, никој не може да е апсолутно сигурен дека неговиот партнер е ХИВ негативен - дури ни луѓето кои меѓусебно многу добро се познаваат. Единствен начин на докажување на ХИВ статусот е правењето на тест за ХИВ инфекција. За да овој тест биде валиден потребно е да поминат 12 недели од моментот на евентуалното изложување на вирусот.

Кога две лица кои имаат сексуален однос не се тестираат истовремено или кога тестирањето не е возможно, на пример, при повремени сексуални контакти, важно е да се преземат мерки кои можат да го намалат ризикот за инфекција. Има повеќе такви мерки од кои некои почесто се користат и се вбројуваат во она што го нарекуваме "сигурен секс", а други пак се применуваат поретко.

ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

Најновите истражувања покажуваат дека ракот на грлото на матката може да е во врска со вирус кој се пренесува по сексуален пат. Јавувањето на овој вид на карцином станува се почесто и меѓу младата популација на жени. Присуството на вирусот може да биде дијагностицирано и излекувано доколку првите знаци се забележат доволно рано. Во склоп на превентивните програми во многу земји сите жени од 20-64 години мора да бидат повикани за тест по "Папаниколау" барем еднаш во 5 години.
_________________
Fuck you for loving you too
I don't need a reason to hate you the way I do.
HATE YOU THE WAY I DO
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Dark Angel
Moderator


Joined: 17 Jul 2007
Posts: 488
Location: Skopje

PostPosted: Wed Sep 12, 2007 7:24 am    Post subject: Reply with quote

http://www.sexedukacija.cg.yu/sexed/sexbolesti.php


ovde imas nekolku bolesti dobro opisani,

_________________
Fuck you for loving you too
I don't need a reason to hate you the way I do.
HATE YOU THE WAY I DO
Back to top
View user's profile Send private message Visit poster's website
Display posts from previous:   
Post new topic   Reply to topic    TATTOO - PASSION Forum Index :: Секс и Љубов All times are GMT - 10 Hours
Goto page 1, 2  Next
Page 1 of 2

 
Jump to:  
You cannot post new topics in this forum
You cannot reply to topics in this forum
You cannot edit your posts in this forum
You cannot delete your posts in this forum
You cannot vote in polls in this forum


Powered by phpBB - Template by DoubleJ - Supported by BizHat


Start Your Own Video Sharing Site

Free Web Hosting | Free Forum Hosting | FlashWebHost.com | Image Hosting | Photo Gallery | FreeMarriage.com

Powered by PhpBBweb.com, setup your forum now!
For Support, visit Forums.BizHat.com